Хризантемата е цвеќе кое на нашите простори цвета во есен. Прекрасно цвеќе кое може да го има во различни големини и со цвет во разни бои за што со право го нарекуваат есенска кралица.
Хризантемата е цвеќе со долга историја, а има и корисни својства. Плени со својата убавина и раскош и во есен е дел од секоја добро уредена градина. Потекнува од Кина, а во Јапонија се смета за национален симбол. Во нејзина чест постои фестивал „Фестивал на среќата“.
Според Фенг – шуи таа е симбол на оптимизам и долг живот. Се верува дека носи среќа и радост.Таа е одлична за декорирање на градини, балкони и тераси и не случајно ја нрекуваат есенска кралица. Многу мина сакаат да ја имаат во својот двор и без да ја знаат нејзината симболика. Едноставно таа плени со својата убавина и не случајно ја нрекуваат есенска кралица.

Додека во некои земји, како Франција, Шпанија и Белгија тоа е цвеќе кое најчесто се носи на вечните почивалишта на покојните, во Кина се користи и во медицински цели за превенција и спречување на болести предизвикани од вируси, бактерии или габи.
Одгледување на хризантеми
Во светот се познати над 200 видови хризантеми. Растат во вид на џбун од 15-20см па до 1 метар висина.Се прават поделби според бојата, според големината на цветот, големината на џбунот итн. Отпорни се на ниски температури и најчесто ги има во есен. Хризантемата е одлично декоративно растение.. Покрај тоа што е карактеристична за есенско време, сè поголемото усовршување во технологијата на одгледување овозможува да ја има во текот на целата година.
Хризантемата може да се сади со семе или пак од резници. Се сади на сончево место на рсатојание од 30-50см. Најголем непријател и е ветрот, така што најдобро е да се сади на место каде нема провев.Најдобро е да ја посадите во месец април за на есен да уживате во првите цветови.

Во летниот период треба редовно да се наводнува. Внимавајте да не се исуши земјата бидејќи ливчињата прво ќе омлитавата па потоа ќе пожолтат и ќе се исушат. Треба да се внимава лисјата да не се воденат.
За успешно одгледување на хризантеми потребно е почвата да биде богата со минерали како што се: азот, фосфор, калиум како и магнезиум, манган, бор, бакар, цинк.
Азотот е неопходен за вегетативен раст на хризантемата. Фосфорот помага за уабви цветови и јак коренов систем, додека калимумот ѝ помага за зголемување на нејзината отпорност, намалување на стресот и полегнување.
Хризантемата издржува ниски температури, може да поднесе и снег. Малите цветови се поиздржливи од големите.
СЦЗРР




