Јачмен –  најстаро одгледувано жито

Јачмен –  најстаро одгледувано жито

Јачменот е едно од најстарите зрна жито, користено во исхраната. Се смета дека јачменот бил една од главните намирници во исхранта на луѓето уште пред 17 000 годинии дека веројатно почнал да се одгледува пред сите останати жита.

Трагите од некои истражувања покажуваат дека бил одгледуван во каменото доба. Првата цивилизација во долината на  Тигар и Еуфрат го користелa јачменот во исхраната и за добивање пиво. Во библијата,  ветената земја е опишана како „земја на пченицата, јачменот, лозата, маслинката и портокалот“.

Во областа ,на Плодната полумесечина, која ја опфаќа денешен Ирак, дел од Сирија, Јордан, Израел и Либан, забележано е одгледување на јачмен кое се ширело  во два правци. На север Африка и долината на Нил, па кон Европа каде јачмeнот стигнал до Финска пред 6000 години. Во книгата „Оружје, микроби и челик“ за која авторот Џаред Дајмонд добил Пулицерова награда , се осврнува на значењето на јачменот во одржувањето на евроазиската цивилизација. Смета дека заедно со други одомаќинети врсти на билки и припитомени животни се овозможило преживување и покорување на други народи и цивилизации.

Денес јачменот се користи како суровина  во индустријата за производство пиво, за исхрана на домашните животни, а делумно во исхраната на луѓето. Според посеаните површини на кои се одгледува е четврта по ред култура, веднаш по пченката, пченицата и оризот, пишува порталот Агромедиа.

СЦЗРР