Објавени деталите за петте јавни повици за закуп на државно земјоделско земјиште над 3 хектари

Објавени деталите за петте јавни повици за закуп на државно земјоделско земјиште над 3 хектари

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги објави деталните услови и критериуми за петте јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост над 3 хектари.

Со јавните повици се опфатени повеќе региони и катастарски општини низ целата држава, а земјиштето се доделува за земјоделско производство со времетраење на закупот до 30 години.

Основни услови за учество

Право на учество имаат:

  • домашни физички и правни лица;
  • странски правни лица со регистрирана подружница во Република Северна Македонија;
  • регистрирани вршители на земјоделска дејност и трговци поединци на кои земјоделството им е приоритетна дејност.

Не можат да учествуваат лица кои имаат неплатени обврски по основ на закупнина, даноци и придонеси, како и правни лица во стечајна постапка.

Потребна документација

Со понудата потребно е да се достави:

  • пријава;
  • документи за регистрација;
  • потврди за платени даночни обврски;
  • бизнис план;
  • нотарски заверени изјави;
  • банкарска гаранција;
  • доказ за механизација;
  • геодетски елаборат и останата документација предвидена со јавниот повик.

Региони опфатени со јавните повици

Петте јавни повици ги опфаќаат следните региони:

  • Јавен повик 01/26 – Битола и Прилеп.
  • Јавен повик 02/26 – Гевгелија, Валандово, Струмица, Радовиш, Штип и Неготино.
  • Јавен повик 03/26 – Крива Паланка, Кочани, Виница, Кратово, Пробиштип, Куманово и Свети Николе.
  • Јавен повик 04/26 – Теарце, Дебар, Македонски Брод, Демир Хисар, Крушево, Кисела Вода, Делчево, Берово, Пехчево и Велес.
  • Јавен повик 05/26 – Гази Баба, Ресен, Кавадарци, Росоман и Чаир.

Повеќе информации

Сите јавни повици, целосната документација, условите, критериумите и потребните обрасци можете да ги преземете во делот Активни огласи на нашата веб-страница.

Доколку ви е потребна стручна подготовка на апликација, изработка на бизнис план, геодетска документација и комплетирање на целокупната документација, тимот на Советодавна ви стои на располагање за професионална поддршка во текот на целата постапка.