Проектот „ЕУ за Преспа – Обнова на природни ресурси и зајакнување на одржливото земјоделство и туризам“ е насочен на одржливо управување и употреба на природните ресурси во Преспа кои ќе водат до подобрен квалитет на живот и економски развој преку „зазеленување“ на земјоделството и туризмот.
Во рамките на проектот, земјоделците ќе бидат поддржани со мерки за градење на капацитетите и финансиска поддршка за да се олесни нивната транзиција кон одржливи земјоделски практики, посебно во производството на јаболко, но и други култури. Проектот ќе промовира диверзификација на културите, како и органско и интегрирано производство и сертификација.
Програмата за одржливо земјоделство во Преспа е програма за градење на капацитетите на земјоделците во општина Ресен, Преспа. Програмата е планирана да содржи сет на обуки од областа на одржливото земјоделство и менторски сесии за техничка поддршка со цел усвојување на добри земјоделски пракси кои во исто време ќе допринесат до поголем принос за земјоделците од Преспа.
Во Програмата за одржливо земјоделство во Преспа планирано е да бидат вклучени искусни експерти и да се одвива во 2 фази:
- I Фаза на обуки, планирана за август – декември 2024.
- II Фаза – селекција на фармери кои ќе добијат финансиска поддршка.
- III Фаза на директни менторски сесии, планирани да завршат најдоцна до јуни 2026. За време на менторската фаза, искусни консултанти ќе обезбедуваат насоки, поддршка и совети на земјоделците кои ќе добијат грант.
Во првата фаза на Програмата за одржливо земјоделство во Преспа, во Фазата на обуки може да учествуваат евидентирани индивидуалци во Регистерот на земјоделски стопанства на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Секој заинтересиран/а земјоделец/лка ќе има можност да се пријави за три (3) од понудените теми за одржливо земјоделство, а тие се следните:
1. Заштита на земјоделски производи
2. Управување со почвата
3. Наводнување и зачувување на водата
4. Промена на култури
5. Органско земјоделство
6. Интегрирано земјоделство
Учеството во Програмата за одржливо земјоделство во Преспа е предуслов за пристап до грантовите наменети за добри земјоделски пракси, поддршка за диверзификација на нови култури на пр. цреши, сливи, лешници, ореви и др. и спроведување на мерки кои ќе обезбедат проширување на органското производство и сертифицирање на земјоделците за органско и/или интегрирано производство.
Грантовите ќе бидат во максимална вредност до 10.000 евра. Само земјоделци евидентирани во Регистарот на земјоделски стопанства на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство можат да бидат корисници на гратовата шема за поддршка на одржливо земјоделство.
Грантовите ќе бидат комплементарни со постоечките програми на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој – ИПАРД. Земјоделците кои користат ИПАРД, и друга финансиска помош од ЕУ и/или се корисници на претходни грантови преку проекти имплементирани од УНДП се подобни да учествуваат во тренинг програмата и да користат финансиска поддршка. Сепак, поддршката која би ја добиле од Програмата за одржливо земјоделство во Преспа ќе треба да ја надополнува претходно добиената поддршка (на пр. проширување на мерките, зголемување на обемот, диверзификација на културите и/или преминување кон органско производство). Затоа, УНДП ќе биде во тесна координација особено со тимот кој работи на ИПАРД за да се обезбеди комплементарност и да се спречи евентуалното преклопување.
УНДП се залага за родова еднаквост и за јакнење на жените, како и поддршка на младите луѓе. Затоа, проектот ќе работи на промовирање на родовата еднаквост и јакнење на жените и младите земјоделци во програмите за градење на капацитетите, обуките, како и финансиска поддршка за земјоделките, претприемачките и младите луѓе.
Пријавите за учество во Програмата за одржливо земјоделство во Преспа може да се доставуваа лично во Проектната канцеларија во Општина Ресен на адреса:
До УНДП
Плоштад Цар Самоил бр. 20
7310 Ресен
Или на следните адреси на електронска пошта (email) :
Рок за доставување на Пријавата за учество во Програмата за одржливо земјоделство во Преспа e 26 август 2024 година.
Програмата за одржливо земјоделство во Преспа се спроведува во рамките на проектот ЕУ за Преспа – Обнова на природните ресурси и зајакнување на одржливото земјоделство и туризам кој е финансиран од Европската Унија, а го имплементира Програмата за развој на обединетите нации (УНДП).
Документите потребни за пријавување на повикот, како и информациите за критериумите врз основа на кои ќе се врши селекцијата, заинтересираните земјоделци можат да ги преземат на следните линкови:
Пријава за учество во „Програма за одржливо земјоделство“ во Преспа