Исплатени над 280 милиони денари за поддршка во сточарството

Исплатени над 280 милиони денари за поддршка во сточарството

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој реализираше исплата од над 280 милиони денари кон повеќе од 4.700 корисници, во рамки на програмите за финансиска поддршка во земјоделството.

Најголемиот дел од средствата, во износ од 269.947.935 денари, се исплатени кон 4.545 корисници заклучно со месец јуни, по основ на Мерка 2.3 – директни плаќања за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко, согласно Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2025 година.

Во рамки на Програмата за 2024 година, реализирани се и следните исплати:

  • Мерка 2.6 – Дополнителни директни плаќања од подмерка 2.5 за одгледани или заклани грла говеда во регистриран кланичен капацитет, при што се исплатени 3.746.560 денари кон 167 корисници.
  • Мерка 2.16 – Директни плаќања за произведени или продадени еднодневни бројлерски пилиња и женски пилиња од јајценосни хибриди, со вкупна исплата од 7.968.320 денари.