Антифрост системи во земјоделството- Примена и совети

Антифрост системи во земјоделството- Примена и совети

Антифрост системите се современа заштита од пролетни мразеви кои можат да направат големи штети во овоштарството и лозарството.

Нивната цел е да го зачуваат родот во критични фазa, особено во текот на цветањето.

Видови антифрост системи:

  • Со оросување: Прскање вода врз растенијата за создавање заштитен слој мраз.
  • Со термичка заштита: Користење на грејачи или палење оган за загревање на воздухот.
  • Со ветротурбини: Мешање на топли и ладни слоеви воздух.
  • Пасивна заштита: Агротехнички мерки како избор на отпорни сорти, локација и
    резидба.

Антифрост системите се активираат кога температурата се приближува до критичната точка за конкретната култура (на пример, -1 до -2°C за овошје во цветање). Потребно е навремено следење на временската прогноза и мерење на температура на местата под насад.

Но, овие антифрост системи се карактеризираат со одредени предности и недостатоци како што се:

  • Оросување: Ефикасно, но бара многу вода.
  • Термичка заштита: Флексибилна, но трудоинтензивна.
  • Ветротурбини: Ефикасни за големи површини, но скапи.
  • Пасивна заштита: Ефтина, но помалку ефикасна.

Инсталацијата и одржувањето е специфично за секој систем засебно.
Проверката на системот пред сезона е неопходна.
Антифрост системите се одлична инвестиција за заштита на родот. Изборот зависи од локацијата, културите и финансиските можности. Навремена акција и постојано следење се клучни за успех.