Есенско садење на кромид

Есенско садење на кромид

По завршувањето на летната сезона и по бербата на културите , истите површини може да се искористат за садење на градинарски култури. Есенско садење на кромид може да донесе на пролет убаво младо кромитче ако изберете вистинско семе и примените соодветна агротехника .

Кромидот е една од ретките култури која не само што  може туку и се препорачува  да се сади и во есен. Во денешно време постојат многу сорти на семиња, така што со изборот на соодветно семе и технологија може да се добие квалитетна култура. За есенско садење на кромид без разлика дали садењето е на отворено или во пластеник  треба да се одбере сорта која може да издржи ниски температури. Одгледувањето кромид има традиција на нашите простори.

Плодоред – важен услов за успех за есенско садење

И кај есенско садење треба да се почитува плодоредот. Како и за останатите култури и за кромидот важи правилото за плодоред. На кромидот добри преткултури се мешунките, грав, грашок, соја, потоа краставици, карфиол, зелка, домати. Доколку на површината претходно се садел кромид, на истото место кромид може да се сади дури по 4 години. Доколку се насади постои ризик од инфекции и појава на болести.

Време за садење

Есенското садење може да се врши од средината на месец октомври  и доколку дозволуваат условите може да се сади до крајот на месец ноември.  Температурата на почвата да не е под 5 степени целзиусови. Добро е времето да е ведро и суво. Пред садењето на кромидот треба да се подготви почвата.

Местото каде што ќе се сади кромидот треба добро да се обработи. Да се отсранат остатоците од претходните култури и почвата да се заора. Да се израмни и да се направат редови. Растојанието на редовите треба да биде од 10-12 см, а растојанието на семето од 5-7 см. Треба да се внимава правилно да се ставаат луковиците во почвата. Длабочината за садење изнесува околу 5 см.

Проверка на садниот материјал – семе

Пред да се сади кромидот треба да се провери семето и да се одберат луковици со иста големина. На тој начин се овозможува изедначено никнување. Најдобро е да се одберат лукчиња со средна големина од 1-3см. Големите треба да се избегнуваат бидејќи порано ќе изртат и постои опасност од мрзнење.

Иако може да поденсува ниски температури би било добро посадениот кромид да се покрие со фолија со што растението подобро ќе се развива и на пролет ќе има младо кромитче.

СЦЗРР