Карфиолот е зеленчук од фамилијата на зелки Brassicareae. Тој е едногодишно растение од кое за јадење се користи главата која е во форма на збиени цветови. Постојат повеќе сорти на карфиол но на нашите простори најзастапен е белиот.
Се одликува со ниска калоричност и голема хранлива вредност. Тоа се должи на протеините,витамините и минералите што ги има во својот состав а се неопходни за правилно функционирање на човековиот организам. Од витамините најмногу го има Ц витаминот, а од минералитѕе содржи: калциум, калиум, фосфор, железо. Во исхраната се користи како свеж или закиселен. Може и да се замрзнува при што не ги фуби своите хранливи вредности.
Како се одгледува карфиол?
Како и останатите зеленчуци може да се одгледува на отворено и во затворен простор. Сеедно кој начин се применува за добар квалитет и принос потребно е прво теоретско знаење, а потоа и соодветна добра практика. Може да се одгледува со директно садење на семето во земја или со производство на расад кој кога ќе достигне одредена големина се расадува во претходно подготвени леи.
Двата начини имаат свои предности и недостатоци кои производителот треба да ги има во предвид пред да започне со садењето. Одгледувањето карфиол со помош на садници во пластеници може да дозволи две реколти една летна и втора есенска. Одгледувањето пак на карфиол со семе има помалку работа , но производот стигнува дури во есен.
Подготовка на почва
Како и за останатите култури и за карфиолот почвата треба да се обработи. Добро е да се одбере сончева површина бидејќи карфиолот сака топлина и светлина. Компир,лук и морков се преткултурите на кои може да се сади карфиол. Не се препорачува садење на површина после домати, ротквици, цвекло или зелка. Би било добро почвата да е растресита, богата со хранливи материи и со доволно влага.
Технологија за одгледување карфиол
Денес на пазарот постојат разни сорти од оваа култура. Има рани, средно рани, доцни сорти. Се одбира онаа сорта која најмногу одговара на почвено климатските услови. Но било која сорта да се одбере потребно е да се запазат сите агротехнички мерки.

Најдобро е претходно да се обезбеди расад со семе кое ќе се стави директно во земја во заштитени леи или пак во посебни садови за производство на расад. Во текот на растењето доколку е потребно расадот се наводнува или пак прихранува (осетлив е на недостаток на елемнт бор). Кога ќе достигне висина од околу 15 см се пресадува на подготвената површина предвидена за него.
Садниците се садат на растојание во редот од 35-40 см, а меѓу редовите растојанието треба да биде 50см.
Оптимална температура за раст и развој е од 15-18°С во текот на денот или од 12-15°С во текот на ноќта.
Грижа за карфилот
За да се постигне поголем принос треба да се внимава на растот и развојот на карфиолот. Потребно е редовно наводнување, но не премногу бидејќи може да се јават габични заболувања. Карфиолот е култура која сака хранливи материи, па доколку тие ги нема доволно во почвата треба да се врши 2-3 пати прихрана. Исто така да се внимава на болести и штетници.

Берба и складирање на карфиол
Плодот на карфиолот е во вид на сплосната топка.Стигнува за берба по 60 дена од садењето. Во зависност од сортата се бере кога ќе достигне големина со пречник од 15-30 см или 0,5 – 2 кг тежина. Бербата треба да се изврши додека цветовите се стиснати. Не треба да се дозволи нивно отворање бидејќи се губи од квалитетот.Се отсекува од коренот што поблизу до главицата. Складирањето се прави во соодветни амбалажи и се чува на ладно и темно место.
СЦЗРР