Март – месец за садење на градинарски култури

Март – месец за садење на градинарски култури

Пролетта е одличен период за садење најразлични видови зеленчук. Во зависност од временските услови со активности во градината може да се почне уште на почетокот на месец март. Со затоплување на времето се зголемува листата на култури кои што можете да ги садите.

Ротквица

Ротквица е зеленчук кој се сади во овој месец. Многу  е толерантна на ниски температури. Брзо се развива така што плод може да се добие околу 30 дена по садењето.

Грашок

Грашок е култура која може да се сади кон крајот на месец март. За разлика од ротквицата потребно му е малку повисока температура. За успешен раст и развој потребна му е температура меѓу 10 и 20 степени.

Спанаќ

Спанаќот е исто така зеленчук кој може да издржува ниски температури. Во рана пролет може да се сади на отворено. Слично како и ротквицата и на спанаќот му е потребно околу 30 дена од садење до зреење.

Зелена салата

Зелената салата може да се сади кон крајот на месец март кога темпратурите се меѓу 15 и 20 степени.

Лук и кромид

Лук и кромид се зеленчуците кои може во месец март да се садат на отворено. За успешен раст и развој им е потребна темпратура  над 10 степени целзиусови. За разлика од претходните зеленчуци на овие два зеленчуци им е потребен подолг временски период до нивното зреење и создавање плод. Потребно им е околу 90 дена.

Који да е зеленчук што ќе го садите во вашата градина освен временските услови и температурата, треба да се обрне внимание и на останатите агротехнички мерки од обработка на почва, избор на саден материјал, наводнување, прихрана. Сето ова вреди кога ќе уживате во посакуваните плодови.

СЦЗРР