Март – месец за садење невен

Март – месец за садење невен

Март е идеален месец за садење невен. Тоа е прекрасно растение со жолто портокалова боја. Освен со убавиот изглед има многу лековити својства за што често се користи во народната и научната  медицина.

Невен  е растение од фамилијата маргаритки. Не се знае точно неговото потекло, го има скоро насекаде. Расте исправено до висина од 40-50 см. Стеблото и листовите му се покриени со ситни влакненца. Има убав цвет со жолто портокалова боја. Формата на цветот потсетува на хризантема.

Покрај тоа што може да ја разубави градината, невенот има и лековити својства. Често поради својот состав се користи во народната и научната медицина. Тоа се должи на присуството на етерични масла , танини, белковини, витамини, минерали, органски киселини и др. Освен лековити својства некогаш невенот се користел во исхраната како зачин. Се смета и како медоносно растение и со нектарот и поленот позитивно делува на пчелите.

Невенот добро е да го има во секоја градина бидејќи со својата миризба ги брка полжавите и др. штетници.

Март месец за садење невен

Доколку го сакате овој  украс во вашата градина месец март е идеален за негово садење.

Нема преголеми барања, но добро успева на средно квалитетна и не премногу влажна земја. Добро е да се одбере сончева или површина со блага сенка. На иста површина може да се одгледува две години. Му годи топлина и цветовите секогаш се вртат кон светлината.

Одлично се вклопува на површини каде претходно растеле мешунки, како грав и грашок.

Невенот може да се сади со семе или со расад.

Семето се сади на длабочина од 3 см и ако се поволни временските услови може да никне за 5 дена. Оптимална температура за садење е од 13-16 степени целзиусови

Невенот го сметаат за барометар за дожд. Доколку цветовите се затворени тогаш  тоа значи дека ќе врне дожд.

Берба

Цвета од јуни до септември, а ако времето не е студено може да цвета и до првите мразеви.

Собирањето на цветовите се врши при сончево време, во месец јуни, јули и август. За да се зачуваат својствата на невенот, собраните цветови треба да се сушат на сончево и место подложено на провев.

СЦЗРР