Како да обезбедам МИСЛЕЊЕ за користење на вода за наводнување?

Како да обезбедам МИСЛЕЊЕ за користење на вода за наводнување?

Мислење за користење на подземни води за наводнување на земјоделски култури со помало количество од 1литар во секунда се обезбедува од Минстерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП)

Согласно Законот за води (Сл. Весник на РМ број 87/0/, 6/09, 161/09, 83/10, 51/11, 44/12, 23/13 и 163/13), Дел II.2 Посебни одредби за користење на водите, Член 17 Овластување за сопственикот на земјиштето или носителот на друго стварно право, Став (3) Сопственикот или носителот на друго стварно право на земјоделско земјиште може да црпи и да користи вода од подземни водни тела за наводнување на земјоделско земјиште, без обврска да поседува дозвола за користење на водата под следниве услови:

  • Земјиштето да не е опфатено со хидросистем или систем за наводнување,
  • Потребните количини на вода за наводнување да не надминуваат повеќе од 1 литар/секунда, и
  • Пред копање на бунарот, да обезбеди позитивно мислење од органот на државната управа надлежен за вршење на стручни работи од областа на управувањето со водите.

Потребни информации и документи за поднесување на барање за мислење за користење на подземни води при наводнување

  • Барање за мислење за користење на подземни води при наводнување
  • Изјава на апликантот
  • Опис на парцелата и намена
  • Локација на парцела цо Gauss-Kruger координати на локацијата на идниот бунар
  • Копија од катастарски план на парцелата на која се наоѓа бунарот
  • Имотен лист (договор за закуп на парцелата на која се наоѓа бунарот)
  • Потврда дека земјиштето не е опфатено со хидросистем или систем за наводнување,
  • Информација дека потребните количини на вода за наводнување не надминуваат повеќе од 1 литар/секунда

Вака подготвената документација во плик се испраќа во Министерсттво за животна средина и просторно планирање Плоштад Пресвета Богородица Бр.3, 1000 Скопје со назнака до Сектор за води.

Понатаму барателот постапува според решението што го добил од МЖСПП.

СЦЗРР

Како да се зачува влагата во почвата? Регистрација на оператор со храна од животинско потекло