Постапката за изградба на објекти на земјоделско земјиште е многу важно да се започне навреме за да може да се комплетираат сите потребни документи за инвестицијата поврзана со градба. Прочитајте што ви е потребно:
Согласно Законот за земјоделско земјиште, на земјоделско земјиште може да се изградат оранжерии, објекти за промоција на земјоделски производи и објекти за спортско рекреативни активности и помошни објекти, како и објекти за примарна обработка на земјоделски производи.
Кои документи се потребни за во Министерството за земјоделство?
Со цел добивање согласност за градење, до Министерството за земјоделство треба да се достават следните документи:
-Барање за издавање согласност;
-Уверение за државјанство или копија од лична карта;
-Тековна состојба;
-Имотен лист на име на барателот ;
-Договор за закуп на земјоделско земјиште во државна сосптвеност и Записник за воведување во владение;
-Доказ дека земјоделското земјиште не се наоѓа во границите на градежен опфат;
-Копие од катастарски план за катастарската парцела на која треба да се гради објектот;
-Основен проект за објектот на кој е извршена ревизија;
Министерството во рок од 30 дена по приемот на Барањето со потребната документација издава согласност за градење.
Кои документи се потребни за во Сектор Урбанизам за локална самоуправа?
До Секторот за урбанизам при Единицата за локална самоуправа каде планира да се гради, со цел да се добие одобрение за изградба, се доставува Решението за согласност за градење и следнава документација:
-Уверение за државјанство или копија од лична карта;
-Тековна состојба;
-Имотен лист на име на барателот;
-Договор за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост;
-Копие од катастарски план за катастарска парцела на која треба да се гради објектот;
-Основен проект за објектот на кој е извршена ревизија;
-Решение за согласност за градење;
По административната обработка на доставените документи, Секторот за урбанизам на релевантната Единица за локална самоуправа издава одобрение за изградба во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето.
СЦЗРР