Садење компири во пластеници

Садење компири во пластеници

Садење компири во пластеник може да биде многу добар доходовен бизнис. Доколку компирите ги садите на ваков начин веќе во април ќе имате готов производ за продавање. Доколку сакате добар принос тогаш треба да почитувате некои правила.

Производството на компири во заштитен простор во Србија зафаќа се поголеми површини.

Причината за оваа експанзија на овој тип на производство, градинарите ја гледаат во фактот дека уште во месеците април и мај излегуваат на пазарите со млади компири.

Кој е рокот за садење во затворен простор?

Во зависност од планираниот пласман се планира и рокот за садање. Производителите кои планираат да излезат на пазарите кон крајот на април, садењето во заштитен простор го почнуваат уште во декември.

За производство на компир во заштитен простор треба да се бираат сорти со  пократка вегетација.

Пред садењеро кртолите се поттикнуваат на ртење во просторија каде е обезбедена доволна светлина. Оптималната температура во просторијата треба да е измеѓу 12 и 15 степени.

Треба да се користи исклучиво здрав и квалитетен саден материјал. Не е препорачливо да се користат малите кртоли од претходната година бидејќи постои опасност да се пренесе некој вирус.

За производство на млад компир важен е квалитетот на кртолите од рани сорти, бидејќи за оваа намена главно се користат сорти со кус период на вегетација.

Во производството на компири важна одлика се условите кои се одразуваат на приносите.

За добивање  висок принос со добар квалитет од големо значење е да се применува здрав саден материјал. Да се применува квалитетно и здраво  сортно семе со примена на останатите агротехнички мерки во оптимален рок позитивно влијае за добивање на висок принос.

‘Ртење на семенскиот материјал

Непосредно пред садењето, треба да се посвети особено внимание на  на ‘ртењето на семенскиот компир. Тоа е процес во кој кртолите од фаза на физиолошко мирување преминуваат во процес на ртење во контролирани услови. Резултатот од ова е добивање на здрави ркулци. Овие ркулци имаат низа предности во однос на оние кои не се подлегнати на фаза за поттикнување на ртењето. Ртливоста е 100%, а компирите никнуваат порано. По никнувањето подобро се вкоренуваат, побрзо и изедначено растат. Просторот во кој се одвива ртењето треба да биде сув и на ѕидовите да нема влага. Исто така неопходно е да има можност и за проветрување.

За производство на млад компир подобро е да се бираат поситни кртоли бидејќи тие даваат помаалку гранчиња. Ова подоцна придонесува  за порано вадење на компирите.

‘Ртењето на раните и многу рани сорти трае меѓу 30 и35 денови, затоа треба ова време да се испланира.

Изртените компири се садат во добро подготвена и наѓубрена почва.

Заштитата на младите компири се состои од примена превентивни мерки под кои се подразбира: примена на здрав сортен саден материјал, примена на агротехника пред се плодоред.

При ваков начин на производство хемиска заштита не е пожелна.

Извор: Агромедиа