Земјоделска опрема и механизација се едни од првите предуслови за постигнување на успешни резултати во било кое земјоделско стопанство. Правилниот избор не само што ќе ви донесе заштеда туку ќе ви донесе и профит.
Погрешниот избор на земјоделска опрема и механизација е губење време и пари за вашето земјоделско стопанство. Не можете да ги припремите и обработите своите површини и да извршите некоја работа во шталата без соодветна опрема и механизација. Примената на несоодветна опрема или механизација доведува до лоши резултати во производството.
Како може да знам дали ја имам вистинската опрема?
Без разлика дали сте почетник или не земјоелската механизација и опрема се неопходни во едно стопанство. Сеедно дали онаа што ја имате е нова или сакате да ја обновите веќе истрошената механизација. Доколку размислувате за инвестиција во механизација и опрема треба да бидете внимателни и пребирливи. Не ризикувајте да трошите прекумерно за опрема или механизација која што не ви е потребна или да купувате опрема со низок квалитет што нема да трае ниту цела година .
Следете ги овие десет совети за да ја изберете најдобрата земјоделска опрема за вашето земјоделско стопанство.
1.Не дозволувајте најниските цени да ве поколебаат
Веројатно не ви е потребна најскапата опрема и механизација што можете да ја најдете. Сепак, понекогаш барањето опрема и механизација со најниска цена може да резултира со купување на иста која нема да трае многу долго.
Квалитетната земјоделска опрема и механизација треба да трае сезона по сезона со рутинско одржување. Заштедата на ефтината опрема и механизација може да ги намали вашите трошоци оваа година, но, ако се расипе по минимална употреба и треба повторно да ја купите следната година, воопшто не сте заштедиле пари.
Внимавајте и не го жртвувајте квалитетот за да заштедите трошоци. Прекумерното трошење исто така не е потребно. Изберете квалитет и достапност за вашата земјоделска опрема и механизација.
2.Проценете ги вашите потреби
Дали навистина ви треба тоа? Купувањето земјоделска опрема и механизација може да биде забавен дел од градењето на вашиот земјоделски бизнис додека не сфатите дека не ви треба сè што сте купиле. Пред да купувате, направете список со опрема и механизација што ви е потребна, а се однесува на вашето земјоделско стопанство. Држете се до списокот.
3.Бидете отворени за најдобрите брендови
Можеби имате долгогодишна семејна традиција на користење на една марка на механизација и опрема. Со текот на времето, брендовите може да се променат, а квалитетот може да не е ист. Останатите брендови може да имаат и да понудат супериорни производи по соодветни цени за денешните земјоделски стопанства.
Не донесувајте избрзани одлуки иако одредена марка или модел на опрема и механизација е ваша омилена или е веќе испробана. Изберете трговец на мало што нуди различни брендови за да ви го даде најдобриот избор на квалитетна земјоделска опрема или механизација што ќе одговара на вашите потреби.
4.Тестирајте го
Не прифаќајте да земете нешто без да го испробате. Опремата или механизацијата може да изгледа одлично на хартија или во изложбен салон, но сепак, пред да донесете одлука за купување, тестирајте го производот .
Проверете дали секоја опрема или меанизација ги исполнува вашите очекувања пред да ги потрошите парите. Не ризикувајте да останете заглавени со опрема или механизација што не можете да ја користите и не можете да ја вратите.
5.Не заборавајте на безбедноста
Дали цената ја вклучува потребната (или препорачаната) безбедносна опрема? Многу од механизацијата или опрема бараат сигурносни делови или заштитна опрема за безбедно да се користат. Сепак, ниската цена што ја гледате на таквата опрема или механизација можеби не вклучува никаква безбедносна опрема.
Пред да завршите со купувањето на опремата или механизацијата и да започнете со користењето на истата, проверете дали ги имате соодветните оперативни заштитни мерки за да се заштитите себе си и вашите вработени.
6.Побарајте резервни делови
Дали вашиот добавувач на опрема ќе обезбеди и резервни делови? Наоѓањето на добавувач каде покрај опремата и механизацијата која ја нуди има и резервни делови за истата е одличен начин да се купи, народски што би рекле „рает“ заедно со вашата опрема или механизација.
Вистинскиот продавач на опрема е експерт за опремата и механизацијата што ви треба, од механика до операции и сервисирање на делови. Кога вашата опрема има потреба од поправка, знаете каде да одите за да го набавите вистинскиот дел и да избегнете доцнење во работата на вашето стопанство т.е. земјделското производство.
7.Прашајте за понуди за лојалност
Кога ќе пронајдете добавувач на механизација и опрема кој што ги исполнува вашите барања има соодветна опрема или механизација со добар квалитет и цена и е коректен со вас, ќе испратите многу потенцијални клиенти низ годините. Тоа е добро за вас, а вашиот добавувач исто така го цени!
Прашајте за понудите за лојалност кога купувате нова опрема или механизација. Програмите за лојалност и специјалните зделки можат да ви помогнат да останете во чекор со најновата опрема или механизација. Од дилер на кој му верувате за да ја обезбеди потребната опремата или механизација до успех вашето земјоделско стопанство.
8.Размислете за тековната поддршка
Заедно со резервни делови, на вашата опрема и механизација одвреме-навреме ѝ треба и сервис. Дали имате во склоп на фирмата за продажба сервис за одржување и поправки? Дури и ако вашиот продавач не обезбедува сервис за одржување, тој треба да обезбеди прирачници, шеми и упатства за употреба за делови за да помогне да ја одржите вашата опрема или механизација во одлична работна состојба.
9.Прашајте за политиките за враќање и испорака
Не сакате да чекате премногу за да пристигне вашата опрема, механизација или некој дел кога имате работни активности на вашето земјоделско стопанство. Исто така, не можете да се заглавите со расипана опрема или механизација која штотуку сте ја купиле и која пристигнува во лоша состојба.
Пред да направите купување на механизација и опрема, проверете ги политиките за враќање и испорака. Испораката треба да биде брза, со брзи и бесплатни опции кои ќе ви помогнат да ја добиете на време и без проблеми.
Враќањето исто така треба да биде процес без главоболка, особено ако вашите нарачка пристигна оштетена.
10.Размислете за седумте фактори
Покрај овие совети, кога купувате опрема полесно е кога ќе ги земете предвид следниве седум фактори.
- Цена
- Перформански
- Моќ
- Делови
- Поддршка за производот
- Престиж
- Купување
Односот цена-квалитет доаѓа во игра секогаш кога купувате нова опрема или механизација. Како што расте вашето земјоделско стопанство или како што го проширувате бизнисот, ќе ја надградувате опремата и механизацијата за да бидете конкурентен со вашиот производ и да ја задоволите побарувачката.
Седумте фактори може да им помогнат на земјоделските стопанства да го усовршат изборот на најдобрите брендови и парчиња на опрема и механизација пред да ги купат. Не постои магична формула за тоа како овие фактори треба да работат заедно за вас и вашите специфични потреби. Меѓутоа, ако се земат предвид овие услови пред да купите, може да ви помогне да ја пронајдете идеалната опрема и механизација за вистинска цена и квалитет.
Развијте го вашиот идеален баланс меѓу овие седум приоритетни фактори за да го изградите вашето земјоделско стопанствосо опрема и механизација и да водите успешен земјоделски бизнис.
Не треба да биде стресно да се избере најдобрата земјоделска опрема. Кога ќе го пронајдете вистинскиот продавач на мало, имате се што ви треба, вклучувајќи широк спектар на брендови, многу делови и опции за опрема и брза и бесплатна испорака со едноставна политика за враќање.
Изберете го најдоброто решение за вашиот бизнис !
СЦЗРР