Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој го објави јавниот повик за ИПАРД 02/2024 за Мерка 7 “Диверзификација на фарми и развој на бизниси” во руралните средини.
Финансиската поддршка за овој Јавен повик е до 70% од вкупната сума на прифатливи трошоци во зависност од статусот на барателот и типот на инвестиција. Средства се обезбедени од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД) и се неповратни.
Средствата по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска поддршка (грант) во износ од:
- 60% од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите за мерка Диверзификација на фарми и развој на бизниси
- 70% за инвестиции предложени од млади земјоделци и/или сертифицирани органски производители и за колективни инвестиции.
- Процентот на кофинансирање може да се зголеми за дополнителни 10% за инвестиции поврзани со управување со отпад, обновлива енергија и инвестиции од типот на циркуларна економија
Крајниот рок за поднесување на барањата е 20 декември 2024година
Вкупниот буџет за овој јавен повик за мерка 7 “Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ 14.000.000,00 евра односно 862.890.000 денари.
Советодавна е вашиот партнер за успешна подготовка на прифатлив проект и успешна реализација на инвестицијата. Повеќе информации на:
Телефон: 072 251 263; 078 834 422 или емаил: kontakt@sovetodavna.mk
Направете го вистинскиот чекор за развој на вашиот бизнис уште денес!