Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој објави ЈАВЕН ПОВИК бр. 01/2025 за доставување на барања за исплата на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2025година мерка 213
Предмет на овој оглас е доделување на финансиска поддршка за помош за зачувување на руралните предели и нивните традиционални карактеристики.Надомест на трошоци за одржување на висински пасишта и ливади и поддршка на традиционално сточарство.
Максимална вредност на прифатливи трошоци до 50.000.000,00 Денари, но не повеќе од 620.000 денари по вработено лице.
Исплатата ќе биде во висина од 100% од исплатената просечна нето-плата во Република Северна Македонија во период од 1 јануари 2023 година до 31 декември 2023 година, како трошок за чување и напасување на добитокот (овци, кози и/или говеда) на пасишта и ливади, односно регистрирани одгледувалишта кои се наоѓаат во населени места со надморска висина еднаква или повисока од 700 метри, односно во висина од 60% од исплатената просечна нето-плата во Република Северна Македонија во период од 1 јануари 2023 година до 31 декември 2023 година, како трошок за чување и напасување на добитокот (овци, кози и/или говеда) на пасишта и ливади, односно регистрирани одгледувалишта кои се наоѓаат во населени места со надморска висина пониска од 700 метри;
Поддршката се доделува во сооднос 1вработено лице на 150 овци, 1 вработено лице на 100 кози и/или 1 вработено лице на 50 говеда
Бројот на вработени лица за кои е исплатена поддршката треба да е ист во период од најмалку една година пред годината за која е исплатена поддршка.
Право на користење на средства по мерки имаат земјоделски стопанства регистрирани согласно Законот за земјоделство и рурален развој во Единствениот регистар на земјоделски стопанства при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство
Обрасците „Барање за исплата” со листата на потребни документи може да се подигнете тука.
Крајниот рок за доставување на барањата е 31.03.2025година. Барањата доставени по предвидениот рок нема да бидат разгледувани.