Објавен јавен повик за набавка на комбајни и мобилни сушари за ориз

Објавен јавен повик за набавка на комбајни и мобилни сушари за ориз

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој објави јавен повик 05/2024 од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2024 година мерка 121.7 Набавка на специјални комбајни за жнеење на ориз со сецкалици и/или мобилни сушари за ориз.

Корисници на оваа мерка може да бидат земјоделски стопанства запишани во единствениот регистар на земјоделски стопанства и кои имаат минимум производствен капацитет под ориз од 1 ха.

Поднесувањето на барањата се врши со поднесување на електонско барање преку системот е-барање на АФПЗРР.

Прифатливите трошоци по корисник се до 600 000 денари.

Крајниот рок за поднесување на барањата е до 14.11.2024 година.

За повеќе информации на следниот за повикот на следниот ЛИНК.

Сите потенцијални баратели кои се заинтересирани за подготовка на успешно барање може да се обратат до стручниот тим на СОВЕТОДАВНА директно во канцеларија на Панда Чеснова 6 во Битола, на kontakt@sovetodavna.mk или на телефон 072/251-263; 078/834-422.