Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој официјално го започна процесот на поднесување барања за користење средства од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година.
Земјоделските стопанства можат да поднесат барања за:
- основна и дополнителна поддршка на доходот (директни плаќања по површина и грло добиток);
- директни плаќања по единица производ;
- поддршка на влезните елементи во производството;
- мерки за мали земјоделски стопанства.
Поддршката по површина и грло добиток е условена со произведен и продаден производ кај регистриран откупувач. Поднесувањето на барањата се врши исклучиво по електронски пат преку веб-порталот на Агенцијата.
Краен рок за поднесување на барањата е 30 септември 2026 година.
Професионална подготовка на барања
Советодавна нуди целосна и професионална услуга за подготовка и електронско поднесување на барања за субвенции за 2026 година.
Нашите услуги опфаќаат:
- проверка на исполнетоста на условите;
- подготовка на целокупната документација;
- електронско поднесување на барањето;
- стручна поддршка и консултации во текот на постапката.
Доколку сакате вашето барање да биде подготвено навремено и правилно, контактирајте нè и закажете термин.
Телефон за информации и закажување: 072 251 263





